| четврток, 6 декември 2018 |

Америка обвинува за ново етничко чистење

САД соопштија дека насилството против Рохинџите во Мјанмар претставува етничко чистење, а на воените претставници вклучени во акцијата им се заканија со санкции.

Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, ги обвини безбедносните сили и граѓаните кои го презеле законот во свои раце за, како што велат, да предизвикаат неподносливо страдање на Рохинџите.

„По внимателни и темелни анализи на достапните факти, јасно е дека во сојузната држава Ракајн се случува етничко чистење на Рохинџите“, порача Тилерсон.

Иако не постои правна обврска САД да реагираат, Тилеросон истакна дека сите што предизвикуваат злосторство, мора да одговараат пред светот, додавајќи дека САД бараат да се спроведе истрага и да се санкционираат одговорните, а не целата држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top