| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Ќе ја менуваме граматиката на македонскиот јазик

Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот бугарски колега Бојко Борисов, денеска се договориле да се прави  промена на граматиката на mакедонскиот литературен јазик – за Mакедонците и Бугарите да можат полесно да комуницираат и така да се зајакнат билатералните односи.

– Го гледав интерјуто на бугарската лингвистка Кочова, која навистина добро кажа дека македонскиот јазик е всушност ист со бугарскиот. Јас се согласувам со ова и ќе поведам дебата за промена на граматиката на нашиот јазик, па наместо за основа да се говорите од централна Македонија, ќе го поместиме центарот кон исток, па за основа ќе го земеме струмичкиот дијалект, – рече Заев по средбата со Борисов.

Премиерот додаде дека ова е многу значаен потег, а експертите со кои се консултирал му посочиле дека е добро при новата конструкција на македонската граматика да се земе и шопскиот дијалект кој се зборува во Пирот, па така, поврзувајќи се со Бугарија, да се поврземе и со Србија.

– Со Бугарите се разбираме на нашите јазици, но има мала фалинка. Ако се сеќавате, кога гостував на БТВ, говорев на јазик кој многумина го протолкуваа како „чуден бугарски“. Не е тоа чуден бугарски, тоа е всушност оригинал македонски. Почнавме да го градиме новиот јазик, веќе напорно се работи на менување на граматиката, па во јануари следната година ќе имаме првична верзија која ќе биде ставена пред Собранието – изјави Заев по средбата со Борисов.

Досега, како основа на македонскиот литературен јазик беа земени прилепско-битолскииот, кичевско-поречкиот и скопско-велешкиот дијалект, а според засега официјално непотврдени информации, новата граматика ќе ја сочинуваат струмичко-валандовскиот, штипско-кочанскиот и кривопаланечко-шопскиот дијалект.

Луди Чифут
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Луди Чифут

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top