| четврток, 6 декември 2018 |

Возачот на автобусот од сообраќајката во Австрија на информативен разговор

Автобус на туристичката агенција „Насир Турс“ од Гостивар учествуваше во сообраќајна несреќа во близина на Шлиербах, Австрија. Како што велат за ТВ21 од туристичката агенција, ниту еден од патниците не е повреден, а возач на автобусот е задржан на информативен разговор во полициска станица.

Според австриските медиуми, возачот на автомобилот кој се судрил со автобусот загинал, а повредени се уште три лица. Во сообраќајната несреќа покрај автобусот учествувале уште три возила. Според првичните сознанија на полицијата, до несреќата дошло кога автомобилот преминал на спротивната коловизмана лента и директно се судрил со автобусот. Во автобусот се наоѓале 28 патници, кои патот кон Скопје го продолжиле со друг автобус на агенцијата. Несреќата се случила синоќа околу 22 часот.

Од Агенцијата велат дека возачот не е повреден, само е задржан на информативен разговор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top