| четврток, 6 декември 2018 |

24-годишна скопјанка го губи видот, потребни и се 10 илјади евра за лекување во Германија

За лекување на 24-годишната Марина Јовановска од Скопје, која има ретка дијагноза на очите (degeneration of macula and posterior pole), која може да доведе до целосно губење на видот, и се потребни 10.000 евра за лекување во Германија.

Заинтересираните може да донираат на телефоните 070/071/072 143 191 и на 075/076/077/078 143 467, или пак, на сметка на Комерцијална банка со назнака – за Марина Јовановска.

Состојбата на едното око кај Марина веќе е многу влошена со над 95 отсто оштетеност, со можност да се прошири и на другото око. Таа еднаш со помош на хумани луѓе била на третмани во Берлин, кои се покажале како успешни, но мора да продолжат во континуитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top