| четврток, 6 декември 2018 |

Зад тоа се крие голема траума – Кендал Џенер во јавноста секогаш го крие лицето со раце!

Кендал Џенер кога и да се најде на улица или во близина на фоторепортерите, го крие своето лице со рацете.

Ријалити ѕвездата и манекенка секогаш шета во друштво на телохранителите, а лицето го крие со капи, наочари, шалови, што и да и се најде при рака. Конечно е откриено зошто Џенер го крие лицето.

Имено во детството имала бројни акни по лицето кои и оставиле длабоки лузни. Таа надвор од пистата не носи шминка и не сака папарацо фотографиите, на кои се гледа нејзиниот тен, да излезат во таблоидите. Затоа се труди максимално да го сокрие.

-Во тинејџерскиот период тоа влијаеше на мојата самодоверба, бидејќи акните ме уништија. Ми беше срам заради моето лице и секогаш ја држев главата спуштена додека заборував со другите луѓа. Се чувствував како чудак. Постојано го криев лицето – рекла помладата сестра на Ким Кардашијан неодамна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top