| четврток, 6 декември 2018 |

Војводинскиот шеф Мирко Веселиновиќ и неговата сопруга ќе го зготват најдобриот паприкаш на Неделата на дизајн во Скопје

Војводинскиот шеф Мирко Веселиновиќ и неговата сопруга се познати во Сремски Карловци по најдобриот паприкаш, специјалитет зготвен од најдобрите локални продукти. Тој е коспоственик на винаријата Бенишек-Веселиновиќ, прочуена по дегустациите на вино и ракија проследени со ретки традиционални специјалитети.

На Неделата на дизајн во Скопје, денеска, во „Јавна соба“ во период од 16:00 до 19.00 часот, Веселиновиќ ќе биде домаќин на дегустацијата на која ќе зготви 80 порции од традиционалниот војводински свински паприкаш, а ќе ја презентира и својата прочуена ракија од кајсија и круша.

Организаторите на Неделата на дизајн, велат дека можеби е еден од најитересните кулинарски перформанси до сега кои се случиле во Јавна соба, затоа што за прв пат денес со мене позади пултот за готвење ќе застанат познатиот српски бенд “Кило Кило Банда” – изјави Мирко Веселиновиќ

„Кило Кило Банда”, e проект на Војислав Малешев, чиј последен албум „Сепак борба“ (Ипак борба) беше промовиран на минатогодишниот фестивал ЕГЗИТ. Музиката што ја создава Малешев заедно со колегите музичари се заснова на корените на реге, но носи многу повеќе: различни вкусови од рок, преку денс до ска во карипски стил, а сето тоа често се претопува со една прекрасна балканска душа и емоционален блуз на осамен воин.

Покрај славниот паприкаш кој ќе биде денес на менито на Мирко Веселиновиќ, ќе се дегустира и неговата ракија од кајсија и круша.

Вчеравечер во Јавна соба со неверојатниот звук на Артан Лили Бенд, ритамот на диџеите Алек Сотиров и Wish.ko и со совршено наместените експонати, се отвори Седмата недела на дизајн во Скопје.

Недела на дизајнот во Скопје е дело на Јавна соба – Центар за дизајн и иновација, во соработка со меѓународната платформа Балканска мрежа за дизајн.
Сите активности на Неделата на дизајнот се отворени во Јавна соба и Лукс мебел и расветa секој ден од 8:00 до 01:00 часот, а влезот е слободен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top