На новите гробишта во Ниш од гробното место кое додека е жив го купил за себе и сопругата нишлијата Велимир Величковиќ, крадци му ја украдоа надгробната плоча.
Кражбата ја пријавила неговата ќерка Јасмина која случајот го пријавила во полиција и кај одговорните за гробиштата. На родителите од прво не сакала да им каже за да не се потресуваат, сметајќи дека споменикот ќе биде пронајден. Но надгробната плоча ја нема веќе петти месец, па одлучи за тоа да ја извести и јавноста и да го тужи претпријатието „Горица“, ако не ја надомести штетата.
–Споменикот го купи мојот татко Велимир од својата пензија, додека е жив, за себе и за мајками. Кога бев на задушница во јуни, го посетив и гробното место иако тука уште никој не е погребан, да проверам дека се е во ред. Имав што да видам. Ја немаше надгробната плоча. Татко ми има 86 години и не смеев да му кажам за да не се вознемири и шлогира. Го пријавив случајот во управата на „Горица“ на гробиштата кои ми рекоа да причекам да не случајно некој од приватниците го зел споменикот на реверс. Меѓутоа по проверката рекоа дека не е земен и дека го нема. Рекоа дека тие не се надлежни за кражбата туку полицијата, вели Илиќ.
Случајот е пријавен во јули во полицијата. Таа вели дека сметала дека споменикот ќе биде најден па на таткото не му соопштила.
-Се плашевме да му кажеме на татко му дека е украден споменикот кој тој го купи од својата пензија но сега повеќе немаме каде, зошто мајка ми е тешко болна. Не смеевме да ризикуваме таа да умре и тој на гробиштата да дознае дека нема надгробна плоча. Се прашувам зошто плаќаме закуп и одржување ако „Горица“ не е надлежна. Плочата е вредна околу 45.000 динари. Се плашам дека ќе се оштети бетонот и ќе пукне плочата која ги покрива гробните места, бидејчи нема ни споменик ни постоље. Не сакам мајката да ја погребам во искривен гроб. Ако не ја наместат или не ја платат оштета, правдата ќе ја барам на суд, вели таа.
Во Горица отфрлаат секаква одговорност за украдениот споменик зошто гробиштата имаат 65 хектари и 30.000 гробни места и за сите кражби претходно, граѓаните бараше помош од полицијата. Гробиштата се јавна површина и за нивната безбедност е задолжена полицијата, велат од таму.
-Кога минатата година се украдени околу 120 месингани вазни од гробните места, сите странки отидоа во полициска станица. Сторителот на тие кражби е откриен па се надеваме дека и сега сторителот ќе биде најден, штом случајое е пријавен во полицијата, вели Матовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст