| четврток, 6 декември 2018 |

Фејсбук ја укинува најздодевната опција

Многумина ќе се сложат дека Фејсбук, без разлика колку се менуваше во текот на изминатите години, сè уште се соочува со голем број на проблеми.

Од оваа компанија одлучија да решат еден проблем кој иритираше веројатно голем број на корисници.

Поканите за апликации веќе некое време се во позадина, а неодамна почнаа да се појавуваат само на мобилните телефони. Постои и можност да се блокираат, но сега тие засекогаш ќе исчезнат.

Овој потег беше најавен минатата недела на официјалниот блог на компанијата, а поканите би требало потполно да исчезнат до февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top