Неодамна полицискиот синдикат реагираше за старите чизми кои беа доделени на полициските службеници. Освен донираните од 1982 година чизми кои министерот Спасовски ни ги претстави како светла инвестиција заедно со донираните шкоди купени од неговиот партиски донатор, скандалозен е неквалитетот на купените 2000 пара чизми со пари од Буџетот на Република Македонија, стои во новиот текст на свиркачите на „Џастпејстит“. Во текстот се вели дека Министерот Спасовски истуркал сомнителна набавка на чизми од 150.000 евра.
„На тендерот од преку 150.000 евра кој го доби фирмата Пинко Кирил ДОО Скопје до МВР доставени се мостри за контрола на квалитет пред истите да се дистрибуираат до МВР. Откако е утврдено скандалозното отстапување од спецификациите кои се барани во набавката како водопропустливост, лабораториски сертификати кои не соодветствуваат со реалните параметри и останато, за истите не е дадена согласност да бидат примени во магацинот на МВР. Но, преку најгруба и криминална писмена наредба потпишана од Министерот Спасовски и Директорот Лазо Велковски со која им се наредува на комисијата задолжена за оваа постапка да изврши прием на чизмите, истите се дистрибуирани во МВР. За ваков вид нарушување на постапка за набавка се лежи затвор. За скандалозно неквалитетни обувки за полициските припадници се плаќа со нивното здравје. Спасовски и Велковски дали сте свесни дека тој Ваш допис не застарува и имате основ за одење во затвор за ваквата Ваша криминална постапка на кршење на сите процедури за спроведување на јавна набавка? Добро прочитајте си го законот за јавни набавки и сите останати процедури поврзани со него и консултирајте се со адвокати бидејќи ЈО сега или во иднина сепак ќе мора со ова да се позанимава. МВР не е Ваша компанија, па самостојно да одлучувате што и од кого ќе набавувате, порачуваат свиркачите.
Дека СДСМ си мисли на своите се покажа и преку најавената набавка на автомобили за МВР од фирма блиска на партијата. Неодамна свиркачите јавно повикаа на одговор, дали од фирма блиска до СДСМ, ќе се купува возила за МВР вредни милион евра?
Дали од фирма блиска до СДСМ, ќе купува возила за МВР вредни милион евра?
Да потсетиме дека за скандалот со донираните „нови“ чизми од 1982 година реагираше и Независниот синдикат на полицајците, кои побараа подобрување на условите за работа и опремување на припадниците на МВР согласно Правилникот за носење и времетраење на униформата.
-Во овој период МВР доби донација на и од она што може да се види има две врсти на чизми. Едните се со производство од 1982/3 година од типот на чизми на ЈНА но со многу полош квалитет, а другите се еден вид на имитација на Планика но во многу мал број кој нема да биде доволен за сите полициски службеници, реагираа од синдикатот.
Полицијата добила „нови“ чизми од 1982 година: Донирани чизми стари 35 години!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст