| четврток, 6 декември 2018 |

Почина германскиот актер, продуцент и романописец Петер Берлинг

На 83. годишна возраст во Рим почина германскиот филмски продуцент, романописец и актер Петер Берлинг, омилен соработник на режисерот Вернер Херцог, познат по филмовите „Бандите на Њујорк“ и „Името на розата“.

Глумеше во повеќе од 130 филмови, но најмногу ќе се памети по работата со актерот Клаус Кински и режисерите Вернер Херцог и Рајнер Вернер Фасбиндер.

Освен во германските филмови учествуваше и во странски продукции како што е филмот „Бандите на Њујорк“ на Мартин Скорсезе и „Името на розата“ на францускиот режисер Жан-Жак Ано, според романот на Умберто Еко.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top