| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба „Цртеж, да? / Е или Не?“ на Ангел Миов во Велес

Во Ликовниот салон во Велес вечер од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Цртеж, да? / Е или Не?“ на Ангел Миов во рамки на 10-тиот проект „Кич, да?/ Сте или не“ што го организира Дирекцијата за култура и уметност-Скопје.

Идејата за проектот произлезе во 2008 година со цел ликовното творештво, пристапот до богатите збирки во националните институции и следењето на творештвото на домашните автори да не биде привилегија само на публиката во Скопје, туку да стане возможно за најшироката ликовна публика во Македонија.

– Истовремено, преку претставувањето на врвните дострели во творештвото, пред публиката се отвора приодот кон секојдневната дилема: „кич да или не” и како да се направи дистинкција помеѓу она што е вистинска уметничка вредност и се поприсутниот кич, соопшти организаторот на проектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top