Кумановец бил задржан од патрола на агенција за обезбедување,а подоцна бил предаден на тамошната полиција, откако пред неколку дена од маркет во градот украл прехранбени производи. Според порталот на агенцијата, арамијата во маркетот пристигнал околу 10 часот, па од рафтовите украл седум парчиња сирење и четири парчиња сувомеснати производи. Продавачите го забележале, па притиснале на паник копчето. Операторите во дежурниот центар, веднаш ја известиле патролата. Само шеесетина секунди му биле потербни на патролниот работник да интервенира. Во маркетот бил затекнат крадецот па по направената проверка кај него биле пронајдени и одземени производите. Вработените во меѓувреме повикале полиција. По направениот записник полицијата го превзела случајот за натамошна постапка.
Неколку часа подоцна, вработени во маркет на истата компанија но кој е лоциран во Скопје, телефонски побарале помош во оперативниот центар. Вработените информирале дека во маркетот на безбедносните камери забележале старец како краде производи. На крадецот му биле предочени снимките од безбедносните камери, по што тој ги платил артиклите, а одговорната од маркетот му дозволила да замине.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст