| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов ќе ги „душка“, скопјани се гушат – Еве каква е загаденоста во вечерва

Скопје се гуши во загаден воздух. Мерните станици бележат високо ниво на загаденост, а скопјани се жалат и на миризбата во воздухот која ги принудува да останат затворени во своите домови. Најлоша е состојбата во општината Карпош и наслебата Лисиче, но загаденоста е висока и во Гази Баба и кај Ректорат каде се поставени мерни станици. Вака изгледаат бројките вечерва:

Се ветуваше чист воздух во секоја општина за време на изборите. Изборите поминаа, скопјани се гушат. Наместо решение, тие излегоа со идеја – да не се мери секој дне загаденоста. Според предлогот на Министерството за животна средина и просторно планирање, наместо досегашното информирање за загадување на воздухот со ПМ10 честичките од пет дена се намалува на два дена, но со концентрации измерени над 100 микрограми. Прагот за алармирање со предлогот на МЖСПП е поставен на два последователни дена со над 200 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, со интенција до 2022 година тој да се намали на над 150 микрограми на метар кубен.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов излезе со решение – на Водно нема со автомобили, бесплатен автобуски превоз до водно и бесплатен паркинг во Центар за оние кои пеш ќе се искачат на Водно. Остана нејасно како ќе се знае кој навистина има намера да се качува на Водно за да добие бесплатен паркинг. Жителите на Центар негодуваат.

-Имам картица за паркинг во катната гаража која ќе биде бесплатна за оние кои ќе се качуваат на Водно. Јас за таа картица плаќам. Утре јас ќе немам место за паркинг во гаражата за која плаќам. Ќе сенаправи вистински хаос – вели жител на Центар.

И додека Шилегов „ги мириса“ скопјани дали се запотени, дали биле на Водно, Скопјани мака мачат со воздухот што го дишат, кој е ризичен по нивното здравје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top