| четврток, 6 декември 2018 |

Столтенберг: Владеењето на правото функционира

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја поздрави пресудата на Ратко Младиќ како доказ дека функционира владеењето на правото и дека сторителите на воени злосторства одговараат за своите дела.

– Јас се надевам дека денешната одлука ќе помогне на регионот да оди понтаму по патот на мирот и помирувањето, нагласува Столтенберг во соопштението објавено на официјалната страница на НАТО. Столтенберг потсетува дека НАТО помогнал да се „заврши мрачно поглавје во историјата на Европа“.

– Западен Балкан е од стратешка важност за Алијансата која помогна во изградбата на стабилноста во регионот во изминатите 20 години. Гледаме иднина на Западен Балкан во евроатлантската соработка и интеграција за оние кои тоа го сакаат, изјави Столтенберг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top