| четврток, 6 декември 2018 |

МАЕИ: Едмонд Темелко е сериозно болен

Едмонд Темелко, кој е во Истражниот затвор „Скопје“, се наоѓа во крајно сериозна здравствена состојба, соопшти Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ).
„Роднините на Едмонд Темелко, не информираа дека не му е дозволено да користи здравствена заштита што е спротивно на сите универзални права. Иако до македонските судовии беа доставени и соодветни лекарски докази, тие одбиваат да му овозможат користење на потребната здравствена нега“, укажуваат од МАЕИ.

Тие апелираат до институциите итно да преземат мерки за да се надмине ситуацијата и да помогнат да му се дозволи потребната лекарска нега на Темелко, пред да биде предоцна.

„Држењето во притвор на Едмонд Темелко во крајно сериозна здравствена состојба е чин на злосторство кој не и служи на чест на нашата држава и претставува навреда за сите Македонци во Република Албанија, кој бараат запирање на политичкиот прогон против Едмонд Темелко, а политичките сили во Република Македонија да покажат повеќе национална одговорност“, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top