| четврток, 6 декември 2018 |

Стипендии за студенти од ЕЛЕМ, ЕВН и Електрани на Македонија

stipendisti FEIT (2)Петнаесет ново запишани студенти од прва годинана електроенергетските насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), десет месеци, ќе добиваат стипендија од по 6000 денари обезбедена од АД „Електрани на Македонија“, АД МЕПСО и ЕВН Македонија.

Претставниците на енергетските компании денеска врачија по пет стипендии за најдобрите студенти од ФЕИТ кои ќе бидат стипендирани до крајот на студиите, доколку ја задржат минималната просечна оценка од  8.0.

Бројот на стипендирани студенти, годинава, е поголем од лани. Исто така, оваа година, студентите покажаа многу повисок просечен успех на положените испити.

„Благодарејќи на нашата иницијатива, залагањето на трите компании од енергетската област и секако, кампањата на Владата за студирање на техничките науки, бројот на запишани студенти на електроенергетските насоки постојано се зголемува. Пред две години бројот на запишани студенти беше околу 30. Првата година со стипендии се зголеми на 60, а минатата година се запишаа над 105 студенти“ – рече деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски.

 Генералниот директор на АД „Електрани на Македонија“ Дејан Бошковски, кој во име на АД ЕЛЕМ ги додели стипендиите на избраните студенти, го потенцираше значењето на компанијата како стожер на електроенергетскиот систем во земјава, како и важноста да се ангажираат квалитетни стручни кадри.

„Студентите од ФЕИТ ги гледаме како наши идни колеги и менаџери, кои во иднина, со своето знаење ќе работат на унапредување на енергетиката, како најважен фактор  и основа за економскиот развој на  државата. Резултатот е повеќе од очигледен – секоја година значително се зголемува бројот на запишани студенти на насоките за енергетика. АД ЕЛЕМ две години доделува стипендии на студенти од ФЕИТ за да ги поттикне младите да се образуваат и усовршуваат во енергетскиот сектор“ – истакна генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Дејан Бошковски. 

За претседателот на УО и генерален директор на АД МЕПСО, м-р Синиша Спасов, чест и задоволство е да се креира и учествува во активност која станува позитивна општествено-одговорна практика и дава одлични резултати – гимотивирастудентитедапостигнуваат подобрирезултативоакадемскитециклуси.

„Тоа што годинава имаме повеќе стипендисти од лани во посилна конкуренцијана апликанти, тоа што воконкуренцијазастипендиисестудентисовисокуспех,односно„просек“ е големмотивзаситенас, енергетскитекомпании, оваапраксанадоделувањестипендиидапреминевотрадиција“ – потенцираше Синиша Спасов, претседател на УО и генерален директор на АД МЕПСО.

СпоредИгор Гиевски, член на Управниот одбор на ЕВН Македонија, поддршката за едно семејство во деновите на студирање секогаше добредојдена.

„Во процесот на студирање секогаш најбитна е желбата за учење, истрајноста и посветеноста, но се разбира добредојдена е финансиската и практикантска помош како поттик за побрзо и поуспешно завршување на студиите. Оваа година, ќе доделиме 4 стипендии за студенти во прва студиска година и една стипендија за студент од претпоследна студиска година. Стипендистите ќе имаат можност да практицираат во нашата компанија, а притоа ќе бидат водени од определен ментор кој ќе се грижи за вовед на стипендистот во компанијата, како и за поддршка и следење во целиот процес на учење“,нагласи членот на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД, Скопје,  Игор Гиевски.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top