Претседателот на САД Доналд Трамп ги искористи своите овластувања да помилува осудени на смрт, и од рерната спаси две мисирки во пресрет на Денот на благодарноста.
Трамп ја продолжи претседателската традиција, основана од Џорџ Буш во 1989 година, кога беше поштеден животот на 20 килограми тешка безимена мисирка.
На вечерашната церемонија во цветната градина на Белата куќа Трамп ја помилува мисирката Дримстик и 15-килограмската Вишбоун, кои ќе живеат до природниот крај на својот живот на една фарма во Вирџинија. Првата дама Мелани Трамп и синот Барон присуствуваа на забавата.
Во Белата куќа ја испочитуваа и традицијата да направат анкета на Твитер за тоа која мисирка треба да добие претседателската амнестија, и со повеќе од 40.000 гласа победник стана Дримстик со 60 наспроти 40 проценти, но како и обично и двете птици го искористија претседателскиот акт на милосрдие.
Трамп продолжи и уште една традиција за церемонијата – шегите.
– Како што многумина од вас знаат, јас сум многу активен во укинувањето на некои од извршните одлуки на моите претходници, но советник во Белата куќа ме информираше дека амнестијата на Тејтер и Тот под никакви околности не може да се откаже. Тејтер и Тот, можете да бидете спокојни, шеговито порача Трамп.
Тејтер и Тот беа последните мисирки помилувани од претседателот Барак Обама минатата година.
Трамп, исто така, истакна дека во првите неколку месеци од неговиот мандат во Белата куќа пречекал многу гости, вклучувајќи и некои „многу чудни птици”, но не и толку уникатни како Дримстик и Вишбоун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст