| четврток, 6 декември 2018 |

Евростат- нема азиланти од Македонија

лажни азилантиМакедонија веќе не е закана за ЕУ по баратели на азил, покажуваат податоците на Евростат.

Од 407 300 баратели на азил минатата година, во ниту една од 27те земји членки на ЕУ во првите пет групи што побарале заштита нема македонски граѓани, а нема ниту од Србија ниту од БиХ, јавува државната МИА од Брисел.

Иако ЕК побара механизам наречен „заштитна клаузула“ со која ќе може привремено да се укине безвизниот режим зза држави од каде доаѓаат барателите на азил, предлогот не помина ниту во ЕП ниту на Советот на министри.

Статистиката покажува дека преземените мерки од државите од Западен Балкан даваат резултати, па се очекува дека овој механизам за регионот да стане излишен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top