| четврток, 6 декември 2018 |

Иницијатива: Лицата над 40 години да работат три дена неделно

Во студија објавена неодамна во „Мелбурн инститјут воркер пејпер“, во која учествувале 3. 000 мажи и 3, 500 жени од Австралија, било потврдено дека когнитивната ефикасност на средовечните луѓе е подобра кога работат по 25 часа неделно.

Од друга страна, перформансите се намалуваат кога се надминуваат 25 –те работни часа, поради влијанието на заморот и стресот. Во тестирањето биле вклучени гласното читање, рецитирање, способноста за памтење и способноста за размислување во кое биле вклучени извршното и апстрактно размислување и меморијата. Според резултатите е заклучено дека лицата по 40 – тата година совршено знаат да одговорат на работните активности до 25 работни часа, а додека веќе на 50 работни часа не давале никакви резултати, вклучително и на оние кои се воделе како невработени во моментот на спроведување на студијата. Иако работата ја стимулира активноста на мозокот, сепак долгото работно време предизвикува замор и стрес и влијае на когнитивните функции. Авторите на студијата исто така истакнале дека резултатите се однесуваат на групата која била тестирана и дека не треба да се земаат „здраво за готово“, односно дека постои разлика од држава во држава, возрасна граница, вид на работна позиција итн…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top