Чешкиот тенисер Радек Степанек неодамна објави дека ја завршува професионалната кариера на 38 години. Искусниот Чех вели дека тенисот веќе почнал да му прави здравствени проблеми, а не сака да си го загрозува животот. Иако сака да остане на терените, време е да каже доста.
„Ја завршувам тениската кариера. Минатата година по операцијата воопшто не ми беше лесно. Не сакам да си го загрозувам животот и следната фаза која ми претстои, па затоа време е да кажам крај. Отсекогаш знаев дека кариерата е ограничена. Морам да бидам реален, телото не ми издржува“, изјави Штепанек.
Највисокиот ранкинг на Штепанек во сингл беше шесто место на АТП-листата во 2006 година и четвртото место во двојки во 2012 година.
Со години беше на врвот на тенисот, никогаш на врвот, освен во една категорија, во која беше ненадминлив.
Иако на анкети беше прогласуван за најгрдиот тенисер на светот, тоа не му пречеше да ја стекне титулата тениски Казанова, во чијшто кревет поминале Мартина Хингис, Никол Ваидишова, Петра Квитова.
Штешанек дури и беше свршен со Мартина Хингис, а со Ваидишова беше во брак од 2010 до 2013. Со Квитова почна да се забавува пред две години.
Секако, освен овие три тенисерки кои ѝ се познати на јавноста, списокот девојки на Штепанек е многу подолг, па оттаму и прекарот.
Штепанек ќе му биде тренер на Новак Ѓоковиќ во новата сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


