| четврток, 6 декември 2018 |

Мојот сопруг ми е љубов, но и мој херој

Тамара Тодевска ужива во мајчинството речиси година и пол. Хана е нејзиното „се“ во животот, центар на светот, а најважно е од се и малата наследничка да има среќно и безгрижно детство. Голема поддршка добива и од сопругот, екскошаркарот Александар Димитриевски – Мачка, за кого пејачката вели дека е нејзина најголема љубов, но и херој и маж на место каков што секоја жена би посакала да има.

#TB Me&myMonkey ❤️ #mrdnisoprst ✌🏻

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

-Вистински уживам во мајчинството. Мојата професија дозволува да бидам мајка која не мора да се одвојува од своето дете поради работата. Уживам и се радувам што имам прекрасно семејство. И сето ова не ме промени многу, но ми даде фокус и мој центар на светот. Ништо не ми е поважно од Хана и тоа таа да биде здраво и весело дете. Инаку, Хана многу сака да пее и да слуша музика. Ужива во дружба со сите членови на нашето семејство и постојано е на релација Скопје – Гевгелија. Во Скопје ја галат и размазуваат моите родители, во Гевгелија за тоа се задолжени свекорот и свекрвата, но за тоа и служат бабите и дедовците, за да ги разгалуваат децата. Добивам голема помош и од сопругот, кој е моја љубов, но и мој херој. Спортистите и дисциплината која ја имаат додека растат ги прави сосема поинаков тип на мажи. Тие можат се и прават се на спортските терени, но такви се и дома, открива пејачката за Вечер, која непосредно пред да остане бремена го промовираше вториот албум “Тажна љубов, среќна песна”, со трудничко стомаче одржа спектакуларен концерт во арената “Борис Трајковски” во Скопје, а после само неколку месеци од породувањето им се врати и на настапите и не направи класична пауза како што тоа го прават повеќето тазе мајки.

U will always be my true love… ❤️

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on


Целото интервју прочитајте го ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top