| четврток, 6 декември 2018 |

Какви привилегии ќе добие Каталонија од Шпанија?

Британскиот весник „Гардијан“ повикувајќи се на високи функционери од владејачката Народна партија во Шпанија, објави дека се разгледува можноста да се даде поголема моќ на Каталонија за да ги собира и управува со своите даночни приходи.

По кризата која што настана по одржувањето на референдумот за независност и силниот отпор на Мадрид сега повторно се дава можност за почеток на преговорите за „нов фискален пакт“.

„Ако Каталонците сакаат фискален пакт, ние сме подготвени да разговараме. Баскија и Навара сами ги собираат своите даноци, имаат свој систем, се среќаваат со централната власт и одлучуваат колку да придонесат за надворешната политика и одбраната. Со преговори на секои пет години“ – вели висок функционер за „Гардијан“.

Фискалната неправда беше една од причините за референдумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top