| четврток, 6 декември 2018 |

Шокантни резултати: Осумдесет отсто од адаптираното млеко за бебиња содржи арсен

Поголемиот број од прехранбените производи за деца содржат опасни хемикалии, предупредува новата студија на непрофитната организација “The Label Clean Project”. Во тестираните производи се пронајдени арсен, олово, кадмиум и акриламид.

Американските научници анализирале 530 различни грицки, житарици и напитоци кои биле купени во последните пет месеци. Научниците откриле дека производите содржеле дури 65 отсто арсен, 58 отсто кадмиум, 36 отсто олово и 10 отсто акриламид, пренесува Independent.

Откриено е и дека дури 80 отсто од адаптираните млека за доенчиња содржат арсен, токсин кој Светската здравствена организација го поврзува со низа здравствени проблеми, како што се кардиоваскуларни болести, дијабетес и карцином.

Голема количина на арсен се откриени и во производи кои се на база на ориз.

Истражувањето покажало дека детската храна има 70 отсто повеќе акриламид од помфритот, а таа хемикалија се поврзува со оштетувања на мозокот и со репродуктивни проблеми.

Научниците утврдиле и дека 60 отсто од производите кои се со ознака “BPA free” всушност биле позитивни на бисфенол А – индустриска хемикалија која се користи за изработка на пластиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top