| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Ванев не жали што микрофонот го замени со докторски мантил: Со надрилекарство заработувам повеќе од хирург

Зоран Ванев, кого го знаеме како изведувач на низа песни кои станаа хитови, као „Ангела, Ангела“, веќе неколку години наназад е еден од најбараните доктори за природна медицина во Швајцарија. Неговата клиника во Цирих станала место кое што го посетуваат луѓе од целиот свет, и тој вели дека воопшто не жали што микрофонот го заменил за белиот лекарски мантил.

-Мојата ординација се наоѓа на самата железничка станица во Шлирен – Цирих,    Швајцарија. Дипломирав на Парацелсус Академијата за Алтернативна медицина во Цирих, и сум првиот Македонец во Швајцарија кој ја има титулата Доктор за природна медицина, која е призната во целиот свет, како и во сите установи на    државно ниво во Швајцарија, за која секој пациент кој во здравственото осигурување има Алтернативна медицина, му се враќаат парите назад во согласност со процентуалноста која ја има склучено во самото здравствено осигурување. Воедно мојата фирма е и сертифицирана за здравствени  осигурувања, така да во секоја смисла компетентноста ја имам во целост’’ – раскажува Ванев, во разговор со Вики Клинчарова за „Фокус“.

Едноставно за да имате ефикасно лекување потребно е   целосно испитување на човекот со сите потребни анамнези и анализи. Тоа значи во мојата клиника најпрвин се земаат сите податоци на клиентот до денешен ден, со какви се болести имал контакт досега, какви се лекови има примано, дали  има фамилијарни здравствени или психички или било какви проблеми, па и финансиски.    Потоа одиме на испитување на крвта’’ – вели Ванев, давајќи осврт на процедурите на лекување кои што ги користи.

-За да го прегледаме внатрешниот свет на човекот мораме да влеземе и во внатрешниот свет со неколку помагала, а тоа се: Темнополната Микроскопија преку која ги разгледуваме во крвта сите показатели кои се многу важни во еден процес на лекување, а тоа се распознавање на крвните зрнца, дали се нападнати и евентуално од што се нападнати. Дали имаме доволно крвни зрнца, дали имаме доволно одбрамбен систем, дали имаме агресивни бактерии, дали има енергија во самите крвни зрнца, и.т.н.

Да не набројувам уште многу стручни показатели, па потоа се оди на  следен чекор, а тоа е лабараториско испитување на други позиции како на пример хорестерол, лактоза, шеќер, триглицериди и евентуална седиментација на еритроцитите за евентуални внатрешни инфекции.

Потоа за помошен апарат ја имаме и  Ирис дијагностиката  која ни помага во евентуалниот показател кој орган би бил на некој начин осомничен во целата процедура на лекување.  Откако сите показатели ќе се на маса, се прави детален план и програма и се  пристапува на проблемот. Дали преку продукти или ќе се употребат и други апарати во правецот на електотерапија, ултрашалтерапија, биорезонантна терапија и.т.н. Само така сериозно и темелно пристапуваме на озбилните проблеми со кои треба  да се занимаваат исклучително стручните лица во една таква комплексна медицина како што е природната медицина’’ -појаснува тој.

Околу отворање на негова клиника во Македонија, појаснува зошто тоа нема да се случи во блиска иднина.

-Имам голема желба да отворам клиника во Македонија, меѓутоа засега тоа е невозможно. Не од причина што немам доволно време, туку од причина што здравствениот систем во Македонија не оди во правец на задоволување на пациентот, туку повеќе оди во правец на економија која ги погазува сите човечки вредности на квалитетен живот. Не случајно го зборам ова, затоа што на оваа тема аргументирано и стручно можеме да дебатираме, но за тоа ќе треба друго интервју и многу поголем простор.

Со самото тоа дека луѓето преку своите примања плаќаат енормно висок процент за здравство, да на крајот бидат оставени на милост и немилост приватно да си го плаќаат секој преглед или интервенции, а кутрите луѓе, посебно пензионерите цел живот плаќале за удобна старост со надеж дека здравството ќе им биде еден ден од голема заштита. Само тоа е единствената пречка засега, затоа што ни на крај памет не ми доаѓа да бидеме платени од народ кој кутриот едвај сврзува крај со крај.

Околу настапите и концертите, вели дека љуовта кон музиката никогаш нема да исчезне од неговиот живот, но со текот на годините научил да се цени себеси повеќе, и да избира со кого ќе соработува.

-Мојата прва професија никогаш не би ја изоставил , затоа што таа е мојата прва професионална радост. Нејзе ја работам со љубов и не би се откажал никогаш. Меѓутоа ја работам многу одмерено и многу сентиментално, а тоа значи со луѓе и организатори кои се големи професионалци и бараат квалитет. Така да моите гостувања, како на пример во Австралија, се стандардни и таму сум задолжително еднаш годишно. Низ Европа исто така настапувам по мој избор, и не би сакал да се најдам во ситуации како порано, пееш, а не знаеш ни каде, ни со кого мораш да си имаш работа.

За жал музиката оди во многу лоша насока, и што е најтрагично, ја предводат луѓе кои воопшто немаат компетентност, а и стручност во тоа, туку направија обичен валкан бизнис со кој повеќето на таканаречената естрада се исмејуваат, а не уживаат во музика. Затоа и светот на музиката стана повеќе изживување, а не уживање’’ – раскажува пејачот, а сега и доктор, кој што зад себе остави голем број на фолк хитови, и често настапуваше низ Австралија со големи балкански музички имиња.

-Ако погледнеме во денешно време кои се звезди во музиката, ќе наидеме на многу мал процент на стручност и квалитет. Се повеќе старлетите и децата се користат во таков бизнис, затоа што доаѓаат многу побргу до реални скандали, а скандалите секаде во светот се најмногу продавани. Никој на земјината топка не го интересира доброто на луѓето, секого го привлекува скандалот, валканите работи и катастофите кои од ден на ден се се поголеми во човечки смисол. Не знам како ги сфаќаме причините, јас ништо не сум сменил, туку само се надоградив себеси во области кои очигледно кај многумина побудуваат забуна.

www.heilpraktikerzentrum.ch е интернет страницата со повеќе податоци за неговата работа како доктор во Швајцарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top