Трагедија зави семејство од Доброште во црно откако во несреќен случај вчера животот го загуби 8 годишно девојче.
Случајот вчера во 23 часот го пријавил во полицијата нејзиниот татко, 46 годишниот Б.Б.
Имено, според информациите од полицијата, таткото и ќерката вчера околу 15 часот заминале во близина на селото да соберат дрва со возило „Махиндра“. Девојчето останало во возилото додека Б.Б. ги собирал дрвата.
Во еден момент возилото се придвижило наназад, а девојчето кога го забележало тоа ја отворило вратата и скокнало, удирајќи се во камен во пределот на главата.
Таткото ја кренал и тргнал пеш кон селото за да ја однесе на лекар, но бил пресретнат од сосед со возило со кој заедно тргнале кон Доброште.
По пат забележале дека девојчето им подлегнало на повредите, па одлучиле да ја однесат во семејната куќа.
По пријава на случајот и со полициска асистенција телото на девојчето било однесено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст