| четврток, 6 декември 2018 |

22 години од Дејтонскиот договор – што содржеше?

На денешен ден пред 22 години во американската база Рајт Петерсон во Дејтон, беше парафиран Општиот рамковен договор за мир во Босна и Херцеговина, со што е ставен крај на војната во една од поранешните републики од СФРЈ и воспоставен нејизниот уставно-правен поредок.

Дејтонскиот договор, по тринеделни преговори, го парафираа тогашните претседатели на Србија, Слободан Милошевиќ, на Република Босна и Херцеговина, Алија Изетбеговиќ и на Хрватска, Фрањо Туџман.

Договорот е парафиран во присуство на тогашниот државен секретар на САД, Ворен Кристофер, а покрај него, главни американски посредници беа Ричард Холбрук и генералот Весли Кларк.

Дејтонскиот договор официјално е потпишан на 14 декември 1995 година во Елисејската палата во Париз.

Денот на воспоставувањето на Општиот рамковен договор за мир во БиХ – 21 ноември е републички празник и неработен ден во РЕпублика Српска.

Претседателот Милорад Додикво во авторски текст за „Гласот на Америка“, порачува дека Република Српска е држава која постои од 9-ти јануари 1992 година. Тој додава дека Република Српска, со својата државност, која е во согласност со меѓународното право, а се состои од територија, ефективна власт и народ, учествувала во мировни преговори за време на војната во БиХ од 1992 до 1995 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top