Бугарската лингвистка од Институтот за бугарски јазик при Бугарската Академија на науки, доцент Ана Кочева, во интервју за БНТ(бугарска национална телевизија) објави дека имаат ново гледиште за карактерот ,, на јазичната практика во Македонија“.
Според бугарските лингвисти, македонскиот јазик е -ДЕСТРУКТУРИРАН КНИЖЕВЕН БУГАРСКИ ЈАЗИК.
Таа рече дека всушност станува збор за прецизирање на нешто што 10 години го говорат и тврдат.
,,Македонскиот јазик е западно-бугарски дијалект, прецизираше и Венко Марковски кој учествуваше во првата комисија“- рече Кочева.
Според неа, не само во ,,Вардарска Македонија, туку во рекорден број региони е кодицифиран бугарскиот јазик“. Таа македонскиот јазик го нарекува ,,писмено регионална форма на бугарски јазик“.
,,Десетици години се прашуваме дали има македонски јазик – ова прашање го коментира во студиото со Георги Љбенов доц. Ана Кочева од Институтот за бугарски јазик “-се вели во најавата на БНТ.
Понатаму, во изјавата Кочева вели дека станува збор за рафинирање и ажурирање на она што тие го тврделе со децении.
,,Во потпишаниот договор за соработка со Скопје има член 8, ал.2 , кадешто оваа тема им се остава на лингвистите, односно се остава да се воспостави дијалог за ова прашање“, коментира Ана Кочева.
Официјалниот јазик на Република Македонија е деструктуриран бугарскиот јазик – тоа е точната теза на лингвистите од БАН- вели Кочева.
“Што се однесува до феноменот кој во Македонија нарекуваат македонски јазик, а ние го нарекуваме писмено-регионална форма на бугарскиот јазик, поради многу сложената историска судбина, бугарскиот јазик доживеал рекорден број обиди за квалификации за создавање на писмено-регионални форми”, вели бугарската лингвистка.
,,Природниот тек на јазикот е врз основа на одреден дијалект или на група дијалекти, но нешто слично во македонската реалност не се случува заради македонизмот. Таткото на македонизмот е Србин – тоа е Стојан Новакович. И тој се родил, за да се спротивстави на бугарштината во Македонија, а потоа ова е прифатено од Коминтерната, вклучувајќи и од булграските коминтерновци во 30-тите години, и под коминтерновски диктат наметнуваат создавањето на т. н. Македонскиот јазик, кој си има датум на раѓање – 2 август 1944 година “нешто што ниту еден друг јазик не го познава”, рече лингвистката Кочева.
Таа се подсмева со историскити ,,обиди“ за воспоставување некаков македонски јазик, и најави дека со нетрпение очекува да започнат македонско0бугарските комисиски преговори за да се дојде до конечна реализација на одредбите од Доворот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.
Подолу е видеото од оваа емисија, за која што и самата Кочева вели дека ќе ја скандализира ,,хората“ во Скопје.
Новинарот зачудено прашува зошто бугарските медиуми ги преведувале изјавите дадени на македонски јазик, па уште констатира дека ете тоа не го прави државната БНТ, а комерцијалните упорно ги титлуваат изјавите дадени на бугарски дијалект.
Лингвистката Ана Кочева дава препорака дека тоа навистина во иднина нема да биде потребно, бидејќи во принцип станува збор за еден јазик, со повеќе дијалекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.