| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Ако е во согласност со уставот, ќе го потпишам законот за јазици

Во одговор на новинарско прашање дали ќе го потпише законот за јазиците, претседателот Ѓорге Иванов изјави дека ќе се произнесе кога текстот на законот ќе пристигне кај него. Сепак, како што додава тој, потпис на законот ќе стави доколку тој е во согласност со Уставот.

-Со внимание ја следам распрвата за законот за јазиците, но нацрт-текстот сè уште не пристигнал кај мене во Кабинетот. Кога ќе пристигне и кога ќе го видам, ќе се прознесам по него. Законот мора да биде во согласност со Уставот и националните интереси, рече Иванов.

Во однос на прашањето дали на средбата со неговиот албански колега, Илир Мета, станало збор за градоначалникот Едмонд Темелко, кој е во притвор, Иванов рече дека и на Владата ѝ пренел дека здравствената состојба на Темелко е нарушена и бара да се најде решение за него, кој има двојно државјанство, и албанско и македонско.

-Состојбата на Темелко е многу влошена и не сум сигурен дали тој може да го издржи целиот овој судски процес. И претседателот Мета изрази загриженост и волја да се најде соодветно решение, рече Иванов.

Иванов додаде дека исклучителната врска помеѓу двете земји се Македонците во Албанија и Албанците во Македонија и унапредувањето на нивната состојба во двете држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top