| четврток, 6 декември 2018 |

Дескоска скрати 1.8 милијарди денари за образованието

-Крајно лицемерие е кога Дескоска зборува за образованието, демократијата и младите. Наводната загриженост и потребата од граѓански активизам се само димна завеса за кратењата во Буџетот за образование кои Дескоска ги премолче, а ги спроведе Зоран Заев. Дескоска држи популистички говори, а во заднина од Буџетот за образование скрати 1.8 милијарди денари, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Дескоска глуми лажна грижа за студентите и развојот на демократијата помеѓу младите, а за изградба на факултети, кои треба да бидат местото каде се усовршува мислата на еден млад човек скрати цели 268 милиони денари.

-Младите се излажани од СДС и тоа сега го гледаат. Младите се жртва на лагите на СДС, кои за само 6 месеци на власт покажаа како планираат да го водат секторот образование. Дескоска и СДС се демаскираа себе си. СДС не е за подобрување на стандардот на младите, образованието и демократијата. СДС со своите постапки на кратење спроведени во образованието покажа дека е за угушување на слободната мисла и демократијата, се вели во реакцијата на опозициската партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top