Некогашната менеџерка на Тоше Проески, Лилјана Петровиќ, сподели неколку фотографии на својот фејсбук-профил од Крушево и гробот на поп-ѕвездата. Под сликите стои запишано: „Од мојата неодамнешна посета на Крушево…“!.По ова, тргнаа приказните на социјалните мрежи дека Лилјана Петровиќ била да го посети гробот на Тоше на Гумење и покрај нејзините изјави дека нема срце да го посети неговиот вечен дом, но дека сепак е во контакт со неговото семејство, со кое останала во коректни односи.
И покрај тоа што на сликите што се на нејзиниот профил ја нема Петровиќ, сепак оние што ја познаваат тврдат дека таа била таму.
Годинава на 16 октомври се навршија 10 години од смртта на Проески, кој трагично загина кај местото Нова Градишка во Хрватска патувајќи од Скопје кон Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст