| четврток, 6 декември 2018 |

50 илјади евра за барокна сендвичарница во центарот на Скопје

barokna snedvicarnicaЗемјиштето за барокните трафики во Скопје постигна рекордни цени од 6.350 евра за квадратен метар. Тоа е цената што ја понудило лицето Селим Муше. Според Министерството за транспорт и врски, Муше на аукцијата во понеделникот понудил 50 илјади евра за да ја добие парцелата од 8 квадратни метри на улицата „Македонија“, до спомен-куќата на Мајка Тереза. Оттаму велат дека  како најповолен понудувач за првиот објект се јавува „Супрема“ ДОО, со постигната цена од 6.600 денари/м2; потоа најповолен понудувач е Селим Муше, со постигната цена од 391.003 денари/м2 за една локација и, исто така, Селим Муше со постигната цена од 330.800 денари/м2 за другата локација.

Најповолните понудувачи се должни пред склучување на договорот за отуѓување на градежното земјиште предмет на оваа објава, во рок не подолг од 15 дена од завршувањето на постапката за јавно наддавање, да достави банкарска гаранција за навремено и квалитетно завршување на работите во износ од 10 илјади евра, со рок на важност до крајниот датум за завршување со изградбата на градбите што се предмет на договорот за отуѓување на градежно земјиште, а во спротивно ќе се смета дека градежното земјиште не е оттуѓено, нема да се пристапи кон склучување договор за отуѓување, депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени, банкарската гаранција за сериозност на понудата во висина од 30 илјади евра ќе биде активирана, а истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top