| четврток, 6 декември 2018 |

За само шест месеци со Заев и СДСМ на чело на Владата Македонците ја загубија државата

На први декември се заокружуваат шесте најмрачни месеци во повоената историја на Република Македонија. Од моментот кога лидерот на социјалдемократите Зоран Заев го доби мандатот да формира влада започна процесот на уривање на македонската сувереност и самостојност. Прва работна посета како премиер Заев ја оствари во Бугарија – договри потпишување на Договорот за добрососедство, а неговата пропагандна машинерија успева доста вешто да ја дефокусира македонската јавност и до некаде да ја увери дека единствениот спорен дел помеѓу Македонија и Бугарија во делот на историјата биле неколкуте години од Втората светска војна и гледањето на бугарската улога во војната низ наша призма и учебници по историја.

Бугарите веруваат, а тоа Заев постојано им го потврдува дека е така, дека почнувајќи од свети Климент и Наум, свети Кирил и Методиј, па преку Самуиловото Царство, преродбениците, Кресненското, Разловечкото и Илинденското востание, сите револуционери, ВМРО, сите до еден се Бугари. А од многу скоро и нашите деца на училиште ќе учат така.

ВМРО-ДПМНЕ по тајната презентација: Пет клучни барања за договорот со Бугарија

Во меѓувреме, и Албанија под раководство на стратешкиот парнер на Заев, Еди Рама, призна дека во Албанија живее бугарско малцинство – станува збор за Македонците од Мала Преспа и Пустец.

Потпретседателот на владата на Заев, Бухјар Османи, ни соопшти дека ќе биде забрзана постапката за издавање на бугарски пасоши на два месеца.

Ниту дебата ниту транспарентност: Владата сѐ уште го крие договореното со Бугарија, во Софија атмосфера на триумфализам

Македонската православна црква – Охридска архиепископија ја призна Бугарската патријаршија за црква-мајка, што е јасно од од писмо на Синодот на МПЦ-ОА напишано на 9 ноември и испратено до Бугарскиот синод. Писмото потпишано од македонскиот архиепископ Стефан, може да се окарактеризира како „историски документ”, бидејќи во него за прв пат Македонската православна црква – Охридска архиепископија зборува за нејзина црква-мајка.

МПЦ веќе ја признала бугарската црква?! (видео)

Како што ветуваше Заев пред изборите лани во декември, дека Македонија ќе стане Швајцарија на Балканот, во Собранието се гласа Законот за двојазичност. На чекор сме од кантонизација на државата. Зборот си е збор, а државата ќе биде распарчена.

По потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, комисии за ревизија на историјата и учебниците беа најавени и од Софија и од Атина, а наставниците Албанци во Македонија барале Министерството за образование да се консултира за учебниците со граѓанското општество, „а не со истите луѓе од комисиите по министерствата кои не се менуваат“. Сојузот на албански наставници во Македонија бара државна комисија која ќе ја промени содржината на учебниците по историја.

Ахмети бара, а Заев ќе прогласи геноцид врз Албанците

Организацискиот Совет за откривање на злосторствата врз Албанци организира пренесување посмртни останки на жртви на геноцидот врз Албанци во Меморијалниот центар „Мајка Тереза“ во Зајас.

По барање на Организацискиот совет за откривање на злосторствата врз Албанците во минатиот век, Али Ахмети, како иницијатор на активностите за расветлување на геноцидните злосторства врз Албанците, одржа говор пред присутните при што побара солидарност од Македонцит бидејќи, наведе, и врз нив имало злосторства. Затоа ќе инсистираме да се носи резолуција во Парламентот за осуда на геноцидот кој е направен врз Албанците пред 104 години.

Во обид да ја задржи вештачки залепената коалиција со албанските партии, Заев досега докажа дека е подготвен на сѐ, па и по цена на распродажба на македонските национални интереси. Само последно во низата барања кои беа дел од фамозната Тиранска платформа од албанските партии кон Заев е осудата во Собранието на наводните злосторства врз Албанците во периодот од 1913 година до крајот на Втората светска војна. Со ова дефакто Македонија самата себе се осудува за геноцид, а македонскиот народ се прогласува за геноциден.

Дека Зоран Заев е донесен за премиер да го смени името речиси секојдневно покажуваат јавните настапи и пишувања како на странските аналитичари, така и медиуми од регионот и пошироко. Или како што истите говорат „надежта за решение на името дошла со доаѓањето на Заев на власт“. Ова го потврдува и самиот Заев и тоа постојано, при посетата на Словенија, во интервјуа за медиуми во регионот… Последна во низата на вакви изјави е онаа на Даниел Сервер, експерт за Балканот и професор на американскиот универзитет Џон Хопкинс. Тој во изјава за Македонската информативна агенција вели дека е можно во 2018 година да се направи пробив во решавањето на спорот за името, а со тоа и отстранување на блокадата за прием на Македонија во НАТО и почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Даниел Сервер потврди: Заев е сериозен во намерата да го смени името

 

Исчекор од Заев очекува и шефот на грчката диломатија Никос Коѕијас. Тој изјави дека смета оти „прашањето ќе биде затворено во првата половина на наредната година, а македонскиот премиер Зоран Заев, дека треба да се направи чекор и оти сега има поголеми шанси од порано да се изнајде решение со Грција“.

Предлог-законот за јазици со европско знаменце предвидува во сите органи на државната власт како централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања, службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото писмо, да биде и албанскиот јазик.

Заев и СДСМ прифатиле и носат противуставен закон за двојазичност на цела држава

Книжните и кованите пари, како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и на албански јазик. Истото важи и за поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи издадени од институциите, фактурите, бандеролите.

Македонија ќе добие двојазични униформи, банкноти, печати, поштенски марки, уплатници

Униформите на полицијата, пожарникарството и здравството во Скопје и во општините каде живеат 20% Албанци, исто така ќе бидат двојазични. Во судските, управните, извршните постапки, постапка за извршување на санкции, предистражни и истражни постапки, кривични и прекршочни постапки, парнични и вонпарнични постапки, како и другите постапки пред судовите, јавните обвинителства како и сите други органи, тела и институции, се применуваат македонскиот јазик и албанскиот јазик. Во постапките пред нотар, нотарските исправи и заверки ќе се издаваат на македонски јазик и на албански јазик.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top