Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го повтори своето барање за изградба на ѕид на јужната граница на САД кон Мексико, по убиството на агент на американската гранична патрола, додека ја извршувал должноста во американската сојузна држава Тексас.
– Службеник на граничната патрола е убиен на јужната граница, друг е тешко повреден. Ние ќе ги бараме и ќе ги изведеме пред лицето на правдата оние кои се одговорни за тоа. Ние сакаме и мораме да изградиме ѕид, напиша Трамп на Твитер.
Коментарот на американскиот претседател е реакција на смртта на 36. годишниот Рогелио Мартинез, службеник на граничната служба кој наводно починал од ранување додека ја извршувал должноста.
Партнерот на Мартинез е поврден и хоспитализиран. Докторите од болницата соопштиле дека неговата состојба е тешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.