Тијана Дапчевиќ е се подобра во шоуто „Твоето лице звучи познато“ и тоа само го потврдува старото добро правило дека добар пејач со подеднаква леснотија може да отпее и поп нумери и домашни народни песни, оперски арии но и традиционални песни.
Сепак, Тијана објаснува дека ја разбира потребата на колешката Александра Радовиќ негативно да реагира на народната музика.
-Далеку од тоа дека Александра превртува со очи на народно, таа само се фолира. Тврдам дека таа е една од ретките пејачки кои умеат да отпеат се. Александра може да отпее севдалинка така што да ти запре срцето, што значи дека само се фолира за да привлече внимание. Се е тоа шоу бизнис, рече пејачката на почетокот на разговорот и откри која колешка ја научила на најважната лекција во шоу бизнисот.
-Ѕвездите се на небо, а луѓето на земја, е најважната лекција која ја научив од Лепа Брена. Таа е нашата најголема балканска ѕвезда, жена која опстојува повеќе од 30 години. Горда сум на фактот што ми е пријателка, многу ја почитувам и сакам да поминувам време со неа. Една од ретките кои задржале прекрасна, детска енергија која ја исполнува секоја просторија, вели Тијана и додава дека токму поради тоа не може да го разбере ставот на пријателката Леонтина Вукомановиќ дека жената не може да се занимава со пеење кога ќе дојде во одредени години.
-Одамна ми рече дека е невкусно е да биде на сцена откако ќе наполни 30 години, а јас и реков дека е глупава. Од секогаш сте имале повеќе аргументи против тој став на Леонтина отколку за него, зошто ги гледате Брена, Ана Бекута и многу други пејачки кои и натаму имаат успешна кариера. Тоа е бесмисленост и Леонтина тоа го знае, едниствено не знам како само успеа тоа да го каже. Таа е една од најдобрите пејачки на овие простори. Тоа што го рече е само оправдание за нејзината мрзливост, вели Тијана и открива дека енергијата на Јелена Карлеуша не престанува да ја фасцинира.
-Јелена е регионална ѕвезда, жена која знае што сака и цврсто стои на нозе. Таа е единствена и може се да направи. Вистинска лавица и многу ја почитувам, рече Тијана и истакна дека единствено квалитетот може да опстане. Поради тоа верува дека трендот на старлети пејачки ќе трае колку пакување јогурт.
-Јас сум мултимедијална личност, некој кој знае да пее, глуми и добар имитатор сум. Можам да глумам во театар и на филм, но и да водам различни програми. Ништо од тоа не може да се примени ниту на една старлета. Никогаш не сум слушнала ниту една нивна песна, вели Тијана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст