| четврток, 6 декември 2018 |

Тенисерка Јелена Докиќ: Со часови стоев гола, ми беше татко, а ме тепаше со каиш и ме плукаше (видео)

Поранешната тенисерка Јелена Докиќ во својата автобиографија откри дека нејзиниот татко Дамир ја злоставувал, но и дека мајка и не реагирала.

– За неа тоа беше нормално, зошто и таа беше малтретирана и емотивно и психички, и неа ја тепаше редовно. Никогаш не се мешеше што и да ми правеше тој, кажа Јелена Докиќ.

Тенисерката најмногу го памети ќотекот кој го добила во Торонто откако изгубила од Кончита Мартинез.

– Се дереше по мене и ме прететпа со каиш во купатилото. Ме влечеше за уши, ме плукаше, а потоа ме тераше со часови да стојам гола на средина на хотелската соба. Мојата мајка сето тоа само го набљудуваше, рече Јелена.

-Мајка ми речиси никогаш не се мешаше ниту пробуваше да го спречи. Еднаш само едвај рече “Те молам, престани” на кое тој ѝ одговори да замолчи и да си оди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top