Во Хрватска вчера одбележа 26-години од страдањето на Вуковар во таканаречената “татковинска војна” и Денот на сеќавањето на жртвите во Вуковар во 1991 година. Меѓу бројните насобрани се нашол државниот врв на Хрватска, а посебно внимание привлекла претседателката Колинда Грабар Китаровиќ, која носела “зенги”, чизми какви што носеле бранителите на градот.
На прашањето на еден од новинарите, зошто во Вуковар дошла облечена во вуковарски жолти Боровски чизми, наречени “зенги”, кои во 1991 година ги носеле хрватските бранители на Вуковар, Колинда рекла дека со тоа сака да порача дека во Вуковар се потребни работни места и подобра иднина.
Грабар-Китаровиќ, коментирајќи ги односите меѓу Хрватска и Србија, рекла дека е потребен разговор со цел решавање на отворените прашања меѓу двете држави, посебно прашањата за исчезнатите лица, кои треба да се решат што побрзо.
Таа, зборувајќи за изградба на меѓудржавни односи меѓу Хрватска и Србија, рекла дека веќе се направени некои чекори, пренесува Hina.
-Веќе се направени некои чекори, и веќе неколку пати кажав дека многу вода ќе протече низ Дунав пред Хрватска и Србија да можат да зборуваат дека се пријателски држави, рекла таа и додала дека тоа не значи дека не може да разговараат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст