| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Малколм Јанг, гитаристот и основач на AC/DC

Легендарниот гитарист и основач на групата AC/DC, Малколм Јанг денеска почина во 64. година од животот, по тригодишна борба со деменција поради што беше приморан да се повлече од бендот.

– Со најдлабока жал AC/DC соопштува дека Малколм Јанг почина, соопшти групата.

Јанг со својот брат Ангус го основа AC/DC во ноември 1973 година. Потоа, од 1976 година, почнува периодот на интензивна работа на албуми и меѓународни турнеи.

Неговата борба со деменцијата почна во 2014 година, по што бендот објави дека Јанг засекогаш се повлекува од групата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top