| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Благојка Џалева-Ангелова, првоборец и носител на партизанска споменица 1941

Вчера во Скопје на 94 години почина Благојка Џалева-Ангелова, првоборец и носител на партизанска споменица 1941.

Благојка Џалева-Ангелова, е учесник во НОБ и Антифашистичката војна и за својата активност и за изградбата на повоена Македонија е одликувана со повеќе ордени и признанија.Работниот век го помина во Агенцијата за вработување на високи раководни функции.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре од 12 до 13 часот во капелата на гробиштата во Бутел, а погребот ќе се изврши во 13 часот во Алејата на великаните.

По повод смртта на Благојка Џалева-Ангелова, телеграми со сочувство до семејството, испратија претседателите на Главниот и на Градскиот одбор на борците Вера Бунтеска и Трајко Стаматоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top