| четврток, 6 декември 2018 |

Билансот на жртви од поплавите во Грција достигна до 19

Пронајдени се три нови тела на жртви од катастрофалните поплави во Грција, со што бројот на загинати достигна до 19, соопштија грчките власти.

Телата се во процес на идентификација.

– Се уште не знаеме дали тие тела се на лица кои се водат како исчезнати, прво мора да ги идентификуваме, наведе Никос Папаевсатиу, раководителот на Националниот оперативен центар за здравствена заштита.

Тој посочи дека телата се пронајдени во градот Мандра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top