Македонија до 2020 година ќе забрани јагленот да се користи како средство за затоплување, ова го истакна заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, кој учестува на Светската климатска конференција во Бон.
– Две третини од загадувањето во Скопје е резултат на затоплувањето на домовите и користењето на несоодветни материјали и затоа тоа е приоритет на Владата за решавање, изјави Макрадули за Дојче веле на македонски јазик.
Некои податоци, покажуваат дека дури 100 семејства на територија на општина Центар во Скопје се греат на јаглен, а многу од домовите се затоплуваат со неквалитетни дрва но и со друг штетен материјал.
животна средина Јани Макрадули, кој учествува на Светската климатска конференција во Бон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.