| четврток, 6 декември 2018 |

Злосторникот на местото на злосторот        

Михајло Маневски

Злосторникот секогаш се враќа на местото на злосторот. Марионетскиот премиер Зоран Заев присуствуваше на конференција организирана од Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков” по повод 70- годишнината од неговота работа истиот ден кога пратениците на СДС и парламанентарното мнозинство во Собранието на Македонија ја “оценија потребата” за донесување на еден неуставен Закон за употреба на јазиците, со кој се воведува двојазичност на целата теритирија на Република  Македонија и се руши унитарниот карактер на државата.

Зоран Заев влезе во  храмот на македонскиот јазик и со тоа највулгарно  го сквернави. Без трошка срам, влезе во Институтот кој прв се изјасни дека Законот за употреба на јазиците е неуставен. Великанот на македонскиот народ Крсте Петков Мисирков, чие име го носи овој храм на македонскиот јазик се превртува во гробот и коските нема да му смират се додека овој бесчесник го гази овој светилник на македонскиот јазик,  јазик чуван и  негуван со векови.

Какво е ова лицемерие!  Малку е да се каже дека ова е безобразлак, ова е целосно безумие на еден човек кој континуирано врши предавство на државните и националните интереси на Македонија и на македонскиот народ.

Го избриша македонскиот народ и македонскиот јазик

Со Договорот за добрососедство и соработка со Република Бугарија го избриша македонскиот јазик и македонскиот народ. Во Договорот никаде не се наведува ниту македонски народ, ниту македонски јазик. Договорот срамно го подпиша со формулација “јазик предвиеден во Уставот”, а не македонски јазик, како што се подпишуваат меѓудржавните договори на јазицците на земјите подписнички.

Зошто се прави овој опасен преседан? Тоа се прави од сосема јасна причина, бидејки Република Бугарија не го признава ниту македонскиот народ, ниту македонскиот јазик. Со тој исти срамен Договор, Зоран Заев се одкажа од македонското национално малцинство во Република Бугарија претежно населено  во Принска Македонија, како никогаш да не постоело, го избриша без око да не му трепне како варварин, што е непознато во светеки размери една држава да се откаже од своето национално малцинство.  Посрамен и поопасен идентитетски геноциден предавнички акт од  тоа нема. Нека не се заборави дека таков противуставен чин подлежи на казнена одговорност и гонењето  за такви кривични дела на застарува.

Во скоро едночасовното интервју за Бугарската национална телевизија, како не му затропа срцето и како не му проработи совеста, ако ја има,  барем да ги спомнеше македонците во Бугарија, а говореше за бугарите во Македонја. Што можете да очекувате од еден таков човек? Ништо добро, туку само зло.

 Замаглена вистина со купишта лаги

За да ја замаглува вистината и да си ја пере совеста, Зоран Заев искажа купишта лаги дека бил посветен да го негува и унапредува македонскиот јазик и да ги обновува родните куќи на значајните личности за македонскиот јазик и култура. Каква дрскост?

Ако за Блаже Конески јазикот е негова татковина, која е татковината на Зоран Заев, кога се откажува од македонскиот јазик, од македонскиот народ, од унитарниот карактер на државата со водведување двојазичност со неуставен Закон за употреба на јазиците?  Каква цел сака да постигне?.  Тој што ги руши темелите на македонскиот јазик, лицемерно е дека ќе обновува куќи на великаните на македонскиот јазик и култура, кои ги руши.

Куќата на македонскиот јазик е изградена со цврст гранитен камен кој е длабоко меморитран во свеста на македонскиот народ. Лагите и манипулациите на Зоран Заев во служба на туѓи интереси се препознатливи и македонскиот народ нема да дозволи еден манипулатор да руши една држава и еден народ кој опстојувал низ вековите како светилник на културата и писменоста на Балканот и во Европа.

Зоран Заев признава дека ја предал затворена Македонија

Во интервјуто за Бугарската национална телевизија БТВ, Заев признава дека ја предал затворена Македонија, кон Европска Македонија?!!. Затворена Македонија е само производ на неговиот затворен ум. Предавството со ништо неможе да се оправда, неможе да се оправда со било каква цел.

Кој го овласти Зоран Заев да си поигрува со македонските национални интереси? На прашањето дали има македонски јазик и треба ли Бугарија да го признае, го одбегна одговорот, наведувајки дека ние зборуваме бугарски, македонски и на струмичкиот диалект. Тој ги потврди шовинистичките ставови на г. Димитров и г. Каракачанов, дека Гоце Делчев, Јане Сандански и други македонски дејци се личности од заедничката историја.

За Зоран Заев Цар Самуил не бил ниту бугарин, ниту македонец, туку  бил син на Господ. Ако е син на Господ, зошто не отиде во Светиот Храм на  синот Божји, туку положи цвеќе и се поклони на споменикот на Цар Самуил во Софија, на кој пишува Цар на Бугарија.

Модерното време според него, го брише националниот предзнак на фашизмот!!. Затоа, тој како кмет-градоначалник на Струмица од споменикот на борец од Струмица го избришал бугарскиот фашизам, а ќе го брише и од учебниците со Комисијата што треба да се основа со Договорот. Ем голем предавник, ем голем кројач на историјата. Не верувам дека заборава дека иторијата не се крои според карактерот на времето, на  модерно или немодерно време.

Историските факти неможат да се променат. Така, како што тргнал, се што досега е напишано во учебниците, книгите, многу играни и документарни филмови, споменици и спомен обележја, историски книги во институтите, библиотеките, универзитетите и училиштата,  ќе се стават во бункер или ќе се запалат на клада како во средниот век или ќе се срушат. Сето тоа за Зоран Заев е ерес, кој треба да се уништи. Денес на почетокот на 21-от век во Македонија се спроведува средновековна инквизиција. Ќе го сруши ли и споменикот на убиените Ваташки младинци?.

Колку мајки има Македонската православна црква

Истиот ден и на истиот уредник на БТВ, кој го интервјуирал Зоран Заев, изјава дал и Владиката на Струмичката епархија г. Наум, кој изјавил дека: “Ние сме во таква позиција што од политически  причини не е призната автокефалноста на Македонската православна црква, но Бугарската православна црква има единствена шанса со самото признавање на Македонската православна црква да стане МАЈКА ЦРКВА на Македонската православна црква“. Колку мајки може да има МПЦ?  Како може БПЦ да стане мајка на МПЦ? Во најмала рака, ова изјава на Владиката г. Наум треба да се објасни. Инаку, МПЦ има само една МАЈКА, а тоа е Свети Климентовата Охридска Архиепископија, духовен вруток и непресушен извор на македонскиот светоглед и непокор.

Огледало на предавничката политика на Зоран Заев е ароганцијата и триумфализмот на дел од албанскиот есетаблишмент во власта. На денот на Албанската азбука, кој е неработен ден за албанците, претседателот на Комисијата за евроинтеграции Артан Груби закажува расправа во Комисијата за Законот за употреба на јазиците. Независно од тоа што е неработен ден, не се испушта ниту една минута овој неуставен закон да се донесе што побргу.

Овој Закон  низ целата постапка се турка со сила, а не со разум   

Република Македонија е исправена пред најголемиот предизвик за нејзиниот опстанок како суверена и независна унитарна држава, за која низ вековите се положени огромни жртви. Народот, се надевам ќе знае да ја одбрани од префригани лажговци, манипуланти и предавници.

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top