Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со слаби локални врнежи од дожд, претежно во југоисточните делови.
Утринската температура ќе се движи од два до 11, а дневната од седум до 13.
Во Скопје облачно со слаби врнежи од дожд.
Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 11 степени.
Утре ќе преовладува променливо облачно време, кон крајот на денот во северозападниот дел од земјава ќе има врнежи од дожд кои на планините и на некои повисоки места ќе преминуваат во снег.
Врнежите ќе продолжат и во понеделник претпладне кога ќе дува засилен северен ветер и ќе предизвика значителен пад на температурата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.