| четврток, 6 декември 2018 |

Димитров фуриозен, полуфиналето во Лондон потврдено со трета победа

Григор Димитров му испорача лекција на Пабло Карењо Буста на завршниот Мастерс во Лондон и со трета победа во својата група, го потврди пласманот во полуфиналето на турнирот.

Бугарскиот тенисер во фуриозен меч во два сета му дозволи на противникот да освои само два гејма и со резултат 6:1/6:1, на најдобар можен начин најави дека има големи амбиции во борбата за титулата на последниот турнир сезонава.

Во полуфиналето утре Димитров за противник ќе го има Американецот Џек Сок кој оствари две победи во својата група, додека во првото полуфинале од 15 часот ќе играат Федерер и Гофан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top