| четврток, 6 декември 2018 |

Јахтата на Тито оди на продажба

Владата на Црна Гора соопшти дека јахтата којашто некогаш му припаѓала на Тито, „Јадранка“ ќе биде понудена на на јавно огласување, а почетната цена е 80.000 евра.

– Некогашната јахта на Тито, „Јадранка“, изградена во бродоградилиштето во Краљевица во 1977., е огласена, поради тоа што е одвишна за потребите на државните органи на Црна Гора, стои во објавата на Твитер.

Претседателскиот брод со години не беше испловил од воениот дел во пристаништето во Бар.

Екипажот го сочинувале 14 членови, а на неа можело да бидат присутни најмногу 40 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top