| четврток, 6 декември 2018 |

Дневен хороскоп за петок, 17 ноември: Бикот напнат, Ракот-под притисок, на Стрелецот ден за работа…

Овен
Моменталната ситуација е без поголеми промени во однос на претходните денови. Односите на работното место се напнати. Обрнете опголемо внимание на работнмите задачи и не дозволувајте да ви се натрупаат. Во сериозните врски ќе морате да бидете потрпеливи ако сакате да зачувате каков таков склад. Родените во Април ќе имаат повеќе среќа.

Бик
Ситуацијата на работното место ве прави напнати и нервозни. Работните обврски ќе ги извршувате, но нема да се трудите да постигнете подолеми успеси. Ќе имате средба солуѓе кои ќе ви помогнат да остварите барем дел од започнатите планови. Колку ќе успеете ќе зависи од вашите залагања и желби. Доколку бидете упорни ќе успеете да го реализирате тоа што одамна го посакувате.

Близнаци
Време е повеќе да се посветите на себе си и на односите со вашите најблиски. Ќе бидете воодушевени од некои нови идеи и понуди. Во сериозните врски побарајте возбудувања и романтика како не би сте ја побарале на друго место. Слободните сонуваат за личност која е далеку и недостапна.

Рак
Најблиската околна ве гуши и воопшто а вие се чуствувате под притисок. Енергијата ви е намалена. Надворешно би можеле да се однесувате погрубо и поодлучно одколку што сте во суштина. Условите би можеле да ве натераат на непромислено реагирање. Финансиската подршка ве прави зависни и ви го намалува можноста на избор. Здравје: просечно. Избегнувајте ризични спортови.

Лав
Сакате да се докажете пред другите и да бидете видени на јавни места. Внимавајте да не ги измешате приватните и деловните односи. На работното место бидете одредени, внимателни и некој не ќе ви биде равен со енергија, која сте во состојба да ја вложите во извршувањето на вашата работа или зацртаната програма. Посветете повеќе внимание кон огранизацијата и поставете ги луѓето околу вас на вистинските места.

Девица
Работните задачи воопшто нема да ви претставуваат проблем, ги извршувате со големо задоволство и елан. Ви се закануваат финансиски неприлики, па најдобро би било да бидете внимателни во трошењето. Бидете трпеливи ситуацијата ќе се подобри. Не ви се добро аспектирани работите со странство, па затоа не би требало да превземате ништо. Љубовниот љивот ви е стабилен и ве прави среќни. Здравје: многу добро.

Вага
Ситуацијата ви се подобрува, но не се исклучени и стресиовите. Највероватно, напнатостите ќе се ограничат само на едно поле од вашиот живот. Има доста планети кои ве поддржуваат меѓутоа ви се закануваат опасности да започнете нешто што би можело да ви создава стресови. Финансиската ситуација ви е се подобрува. Емоционалниот живот ви е стабилен.

Скорпија
Искористете го денешниот ден за склопување на поважни договори. Долготррајните работи ви се добро аспектирани. Затоа најповеќе внимание треба да му посветите на работата. Со недвижинините ќе имате успех особено ако планирате купување или приодавање. На интимен план ќе имате се повеќе недоразбирања со партнерот. Обидете се со разговор да ја подобрите ситуацијата.

Стрелец
Одличен ден за работа. Со поамбициозните работи сте на прав пат па затоа ќе имате напредок. Односите со соработниците и претпоставените се задоволителни, а финансиската состојба ви задава грижи. Во приватниот живот ќе имате многу среќен ден. Ќе бидете привлечни за личностите од спротивниот пол.

Јарец
Не ќе можете реално да ја процените ситуацијата и луѓето околу вас. Ќе бидете разочарани од една ваша блиска личност. Бидете потрпеливи и внимавајте како настапувате. Не ги запоставувајте работно-финансиските проблеми, бидејќи можат да се зголемат. Сентиметалните односи ви се одлични ве очекува ден исполнет со љубов и разбирање. Сдлободните претставици ќе имаат можност за избор. Постапете правилно.

Водолија
Повремено ќе бидете нервозни и налутени, бидејќи работите не се одвиваат така како што вие сте испланирале. Вашите планови се нереални или многу ви е кратко времето за да стигнете до целта. Можеби ќе имате тешкотии со луѓе од авторитет вклучувајќи ги инфорнациите од луѓето или доминантни родители. Ве очекува многу важен деловен настан.

Риби
Денот ви носи и поволни и неповолни настани. Ќе имате многу средби и разговори, па постојано ќе бидете запослени. Во целост вашата ситуација е добра, но би требало повеќе да внимавате на финансискиот дел од работата. Избегнувајте поголеми трошоци и не дозволувајте некој да ве наговори да вложувате во нови работи. Во љубовниот живот ве очекуваат возбудливи средби и интересни моменти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top