Мечка починала во големи маки откако паднала во стапица кај Љубаништа на територија на Националниот парк Галичица. Во обид да биде спасено заробеното животно била повикана стручна служба од Скопје. Мечката била застрелана со специјално оружје за успивање, по што починала.
Случајот предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Организациите за заштита на природата бараат одговори, но и одговорност од надлежните институции, отворајќи ја дилемата колку стручно било постапено во случајот и дали несреќното животно било застрелано со поголема доза за успивање од потребното и од што угинало. Се бара и одговор од надлежните институции за поставувањето на стапици за животни во заштитени зони.
Надлежните институции кои ги контактиравме не информираа дека се запознаени со случајот и дека се преземаат мерки за негово расветлување, за што бил побаран детален извештај од стручната служба која била вклучена во неуспешното спасување на мечката.
извор: ohridnews
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст