| четврток, 6 декември 2018 |

Мугабе првпат во јавност откако армијата ја презеде власта

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе првпат се појави во јавност откако армијата ја презеде власта, на дипломската церемонија на Универзитет во предградие на Хараре.

Во присуство на неколку илјади дипломци, Мугабе, облечен во академска наметка и шапка, ја отвори церемонијата и се придружи во пеењето на националната химна.

Мугабе беше во куќен притвор од средата, кога армијата ја презеде власта, а во земјата во тек се преговори околу неговото повлекување од функцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top