| четврток, 6 декември 2018 |

Селена Гомез и Џастин Бибер потврдија дека ја обновија врската (фото)

Изминативе неколку недели мега популарните пејачи Селена Гомез и Џастин Бибер многупати беа фотографирани заедно, но најновите фотографии потврдуваат дека тие ја обновиле својата врска.

Познатата двојка имаше мошне турбулентна врска изминативе години, исполнета со многу прекини и смирувања. Меѓутоа, новите фотографии покажуваат дека старата љубов пак се разгорела.

Селена (25) и Џастин (23) се бакнувале за време на неговиот хокеј натпревар во Вентура, Калифорнија.

Селена Гомез штотуку ја прекина 10-месечната врска со пејачот Д Викенд и веднаш се врати во прегратките на поранешното момче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top