| четврток, 6 декември 2018 |

Именувани нови директори во „ЈСП Скопје“, „Водовод и канализација“ и „Улици и патишта“

„ЈСП Скопје“, „Водовод и канализација“ и „Улици и патишта“, јавните претпријатија кои се во надлежност на Град Скопје добија нови директори.

На местото на Игор Јанушев во „Јавното сообраќајно претпријатие“ е поставен Кристијан Чушков, а на местото на Александар Атанасов во ЈП „Водовод и канализација“ е поставен Душко Весковски. Промена има и во ЈП „Улици и патишта“. На директорското место во ова претпријатие ќе седне Сенад Смаиловиќ.

Сите нови директори се кадри на СДСМ. Весковски е претседател на општинскиот комитет на СДСМ во Карпош, а по локалните избори стана претседател на Советот на општина Карпош. Чушков беше дел од изборниот штаб на новиот градоначалник на Скопје.

Се уште не е познато кој ќе седне на директорските места во другите јавни претпријатија под надлежност на Градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top