Бугарија вo недела на референдум ќе одлучи дали земјата има потреба од нова нуклеарна централа, а најновото истражување на јавното мислење покажува дека мнозинството граѓани ќе ја поддржат изградбата на втора по ред нуклеарна централа во земјата.
Референдумот се однесува на обновување на проектот врзан со нуклеарната централа Белене, во северниот дел на земјата.
Изградбата на втора нуклеарна централа е во застој поради недоразбирања меѓу Бугарија и Русија, чија компанија „Атомстројекспорт“ требаше да изгради нуклеарна централа со капацитет од 2.000 мегавати. Спорот се однесува на конечната цена на проектот, кој се очекува да изнесува меѓу шест и 11 милијарди евра.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов, со цел да најде нов инвеститор, го раскина договорот со руската компанија, која за отштета од 1.3 милијарди долари се обрати до Меѓународниот суд за арбитража во Париз.
Се очекува мала излезност на референдумот, што може да го стави под прашање кредибилитетот на гласањето. Аналитичарите оценуваат дека гласањето ќе биде тест на популарноста меѓу владејачката ГЕРБ и опозицијата.
Најновите истражувања покажуваат дека меѓу 60 и 62 проценти од гласачите се за изградба на нуклеарна централа, наспроти 38 до 40 проценти кои се против идејата.
Доколку 20 проценит од граѓаните излезат на референдум и над половина од нив се изразат за изградба на нуклеарна централа, бугарскиот парламент ќе треба во рок од три месеци да го разгледа ова прашање
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Нема учебник по историја во Македонија за кој Бугарите немаат забелешка!
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени